Заедно за македонската економија - Поддршка за граѓаните, поддршка за македонските производители и вршители на услуги

KupuvajteDomasnoKarticka

Информации и често поставувани прашања за мерката за​ финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку Домашна платежна картичка за купување на македонски производи и услуги

Оваа мерка е дел од Tретиот сет економски мерки на Владата за справување со COVID-19. Се проценува дека мерката ќе опфати 325.000 граѓани и ќе чини 28 милиони евра.

Со мерката ќе се поттикнне потрошувачката на домашни производи и услуги за ревитализирање на македонската економија во услови на COVID-19.

Финансиска поддршка за купување на домашни производи и услуги за:

Група Критериуми: Износ на еднократна финансиска поддршка:
Граѓани со низок доход Приматели на социјална помош и невработени евидентирани како активни баратели на работа во АВРСМ до 22.05.2020, кои оствариле нето-доход до 180.000 ден во 2019 и нето-доход до 60.000 ден. во период јан.-апр. 2020 согласно евиденцијата на УЈП 9.000 ден.
Вработени со низок доход Лица кои се во работен однос и кои за периодот јан.-апр. 2020 година оствариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата во нето-износ не поголем од 60.000 денари на ниво на полно работно време, според евиденцијата на УЈП 3.000 ден.*
Млади лица Лица со наполнети 16 години и не постари од 29 години (заклучно 22.05.2020) година, активни учесници во државното формално средно образование и високото додипломско образование 3.000 ден.
Здравствени работници ангажирани во справување со COVID-19 Вработени во ЈЗУ, Клиника за инфективни болести, Институт за јавно здравје, Центри за јавно здравје, Итна помош, инфективните одделенија и вработени во други одделенија ангажирани за тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од COVID-19 40% од основната нето плата
*Оваа група на граѓани ќе добие и ваучер за домашен туризам од 6.000 ден. преку мерката за јакнење на домашниот туризам на Министерство за економија

Едноставно и БЕЗ постапки за аплицирање!

Преку ​Домашна платежна картичка ​препознатлива со слоган ​​„Купувам ДОМАШНО“ ​​која ќе ја издаваат банките.

  • Листата на граѓани на кои им следи финансиска поддршка e објавена на страната www.kupuvamdomasno.gov.mk
  • Со внесување на својот ЕМБГ секој граѓанин ќе може да го провери износот кој му следи и да добие информација за банката издавач која ќе му ја издаде картичката
  • Банките ќе ја доставуваат картичката до адресата на корисникот на финансиска поддршка, или лицето ќе може да ја подигне во банка

Банки издавачи на Домашната платежна картичка се:

- Банките на своите интернет страни ќе ја објават постапката за комуникација со клиентите и начинот на нивната достава на картичките.

- За картичките нема да се аплицира.

- Ако лицето е постоечки клиент на банката ќе добие смс порака кога ќе биде готова картичката и како ќе се подигне.

- Ако лицето корисник на финансиска поддршка нема сметка во банката во која е распределен, банката ќе го контактира и ќе го извести за начинот на издавање и достава на картичката

- На интернет страните ќе бидат објавени договори за издавање на картичките и отворање на сметка, кои граѓаните ќе можат да ги потврдат електронски.

- Банките ќе ја доставуваат картичката до адресата на граѓанинот, или лицето ќе може да ја подигне во банка.

- Со приемот на картичката граѓаните ќе ги потпишаат документите за примена картичка.

- Комуникацијата ќе се одвива на неколку начини: смс пораки, интернет проверки, контакт центар и сл.

- Доколку граѓаните имаат прашања или нејаснотии ќе можат да се јават во контакт-центрите на банките, кои ќе бидат достапни за сите подетални информации и прашања

ИЗДАВАЊЕ:​ Банките ќе започнат со доделување на картичките на ​ почетокот на месец јуни​, ​а сите картички ќе треба да бидат издадени​ најдоцна до 18ти јули

ИСКОРИСТУВАЊЕ:​ Граѓаните ќе може да ги искорисат средствата најдоцна до 15ти август

ДОМАШНА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА: КУПУВАМ ДОМАШНО!​ може да се користи за купување на ​ МАКЕДОНСКИ производи и услуги во:

- Хотели, одмаралишта, кампови и други објекти за сместување

- Туристички агенции и оператори

- Ресторани, достава и подготовка на храна и пијалоци

- Супермаркети

- Продавници за храна, пиљари, пекари

- Mебел, осветлување, производи за домаќинства

- Книжарници и продавници за книги

- Спортска опрема

- Продавници за облека, обувки, предмети од кожа

- Аптеки

- Фризерски салони и салони за убавина и други услужни дејности

* Продавниците ќе треба обезбедат обележани гондоли-рафтови со ознака “​КУПУВАM ДОМАШНО”
** Ограничувањето по дејности е уредено по шифра на дејност на компаниите, и согласно тоа се подесени ПОС терминалите на кои ќе може да се плаќа со картичката. Листата на шифри на дејности е Прилог кон Уредбата.
  • Со картичката ​не може​: да се вади готовина од банкомат, да се плаќа надвор од земјата, да се префрлаат средства кон други сметки
  • Со картичката ​може​: да се плаќаат македонски производи и услуги на физички и онлајн локации на деловни субјекти кои вршат одредените дејности

Картичката ќе биде поврзана со наменска сметка, а за истата граѓаните нема да имаат никакви трошоци:

  • Без надоместоци за издавање, водење, управување до крајот на 2020 година
  • Без членарина за првата година
  • Без надоместоци за затворање на сметката и картичката на барање на лицето корисник

*Картичката може да продолжи да се користи и по истекот на календарска 2020 година
**Граѓаните со блокирани сметки ќе може слободно да ја добијат и користат картичката

Фер распределба согласно капацитетите на секоја банка која е дел од програмата

  • Граѓаните кои имаат една трансакциска сметка кај банка издавач на картичката ќе ја добијат од таа банка
  • раѓаните кои имаат две трансакциски сметки, картичка ќе добијат од банката преку која добиваат плата или социјална помош
  • Граѓаните кои имаат трансакциска во банка која не е дел од проектот и граѓаните кои немаат трансакциска сметка ќе бидат распределени кај една од банките

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА на седницата, одржана на 30 мај 2020 година, донесе:

УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВАУЧЕРИ ЗА ТУРИЗАМ НА ВРАБОТЕНИ ЛИЦА СО НИЗОК ДОХОД ЗАРАДИ ПОТТИКНУВАЊЕ НА ДОМАШНИОТ ТУРИЗАМ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА на седницата, одржана на 08 јуни 2020 година, донесе:

УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНИ И ВРАБОТЕНИ ЛИЦА СО НИЗОК ДОХОД, МЛАДИ ЛИЦА И ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ПРЕКУ ИЗДАВАЊЕ НА ДОМАШНА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА НАМЕНЕТА ЗА КУПУВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНДРЕДНА СОСТОЈБА

Уредбата со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Граѓаните кои имаат една трансакциска сметка кај банка издавач на картичката ќе ја добијат од таа банка") %>
  • раѓаните кои имаат две трансакциски сметки, картичка ќе добијат од банката преку која добиваат плата или социјална помош
  • Граѓаните кои имаат трансакциска во банка која не е дел од проектот и граѓаните кои немаат трансакциска сметка ќе бидат распределени кај една од банките

  • ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА на седницата, одржана на 30 мај 2020 година, донесе:

    УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВАУЧЕРИ ЗА ТУРИЗАМ НА ВРАБОТЕНИ ЛИЦА СО НИЗОК ДОХОД ЗАРАДИ ПОТТИКНУВАЊЕ НА ДОМАШНИОТ ТУРИЗАМ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

    ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА на седницата, одржана на 08 јуни 2020 година, донесе:

    УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНИ И ВРАБОТЕНИ ЛИЦА СО НИЗОК ДОХОД, МЛАДИ ЛИЦА И ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ПРЕКУ ИЗДАВАЊЕ НА ДОМАШНА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА НАМЕНЕТА ЗА КУПУВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНДРЕДНА СОСТОЈБА

    Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 22 јуни 2020 година, донесе: